Центарот за развој на демократијата АЛТЕР од крајот на минатиот век придонесува за подемократска, поотворена, послободна и послободоумна Македонија! Група новинари формално се регистрираше како невладина организација на 08 октомври 2000-та година. Од тогаш направивме повеќе од 200!!! видео емисии кои ги третираат правата на „помалку еднаквите“ во македонското општество на ... еднакви. Пишувавме и правевме видеа за луѓето со посебни потреби, за жените и за децата, за обесправените мажи, за ЛГБТ заедницата, за Ромите, за младите, за меѓуетничките односи и за живеењето со различности... Соработувавме со слични и подобри од нас од Албанија, Бугарија, Германија, Романија, Србија и од Унгарија. Работевме заедно со УНДП, ФООМ, со СОЖМ, со Пактот за Стабилност, а не поддржуваше, главно, Германското министерство за развој и заедничка соработка преку Институтот за односи со странство. Првата декада на новиот милениум ја минавме справувајќи се со кризата во нашата земја. Меѓуетничките односи и сиромаштијата и понатаму продолжуваат да бидат проблем, и со нив и натаму ќе се занимаваме. Но сега, во втората декада на 21-от век, ќе го прошириме опсегот. Во нашата работа, покрај медиумите, ќе ги вметнеме и културните институции во земјата. Ќе се обидеме покрај главниот град, во кој се е сконцентрирано, повеќе во фокус да ги донесеме помалите градови. Ним да им го доближиме светот, и нив да ги доближиме до светот! Демократијата е цел, а за остварување на целта – сите средства се дозволени!
Целта на Алтер е да понуди АЛТЕРнатива. Понудувајќи различност, да им овозможи на луѓето во Македонија да сфатат дека светот е полн со различности, кои мора да се запознаат и да се почитуваат. Од различностите мора да се учи, за самите да станеме подобри. Пристапот за остварување на целта ни е соодветен – преку видео продукција, организирање настани, дебати, семинари и работилници, и преку меѓународна соработка.
Нашето портфолио на видео план го сочинуваат повеќе од двесте получасовни видео програми, и уште многу куси видеа, направени или како наш сопствен готов продукт, или во копродукција со луѓе или институции од Албанија, Бугарија, Германија, Романија, Србија и од Унгарија. Работевме заедно со УНДП, ФООМ, со СОЖМ, со Пактот за Стабилност, а не поддржуваше, главно, Германското министерство за развој и заедничка соработка преку Институтот за односи со странство. На планот на организирање настани соработката ни е со УНДП во земјата, како и со различни проекти поддржани од ЕУ, УНДП, УСАИД...
Ништо од тоа што го работиме и што сакаме да го создадеме не можеме и не сакаме да го направиме сами. Главната идеја на АЛТЕР е заедништвото на луѓето. Тука ќе најдете само дел од можностите за соработка. Ако имате идеја надвор од дадениве идеи, ќе бидеме благодарни ако ја споделите со нас.
Можете да не контактирате на crdalter@gmail.com , на Facebook, или на Twitter, или да не најдете во било кој град во Македонија . Едноставно – барајте ги најновите настани! Ако сакате да не посетите или да ни пишете – повелете на Ул. Методија Шаторов Шарло 30-2/51 1000, Скопје Македонија Телефони: +389 2 243 0434 +389 70 244 919