ПОРТФОЛИО


 

ЕВА МАГАЗИН

Состојбата со правата на жените – од Унгарија до Албанија, тема на магазинот ЕВА. Емитуван на Телма ТВ и на мрежа од локални телевизиски станици во цела Македонија. Добитник на меѓународна награда во Украина како одличен пример на вклучување на медиумите во развојот на односите меѓу половите и исклучителен пример на регионална соработка.

 

МилениОН

Милениумските цели на Обединетите Нации низ македонска призма. Серијал изготвен во соработка со УНДП.

 

Димензија

Уште еден успешен пример на регионална соработка. Унгарија, Романија, Србија и Македонија разговараат за стереотипите, различностите и нивното прифаќање.

 

Комшилук

Скопје, Софија и Ниш. И Ромите во трите земји. Најдобрите примери од секоја земја – за наук, најлошите – за да не се повторуваат!

 

Другите

Како раличностите да бидат прифатени како предност, а не како недостаток? Приказни на стотици обични луѓе од Македонија. Емитуван на Македонската Телевизија.

 

Повратници


Луѓе кои биле и живееле на Запад. Решиле да се вратат во Македонија и направиле успех од враќањето.

 

Мулти – Култи


Млади од Македонија, на едно место. Различни јазици, ист интерес. Во живо на Македонската телевизија.

 

Рурален развој


Селото обично ги почитува традициите. Ама, не секогаш е тоа умно, и за среќа – не секогаш е тоа така!

 

Посебна потреба за спорт!


И луѓето со посебни потреби можат и побрзо, и повисоко и појако! Citius, Altius, Fortius за сите!